Фудбалерите на Евертон ја забележаа една од најзначајните победи во борбата за опстанок во англиската Премиер лига, откако на гостински терен го “растурија“ Брајтон со 1-5.
Гостите од Ливерпул постигнаа дури три погодоци во првиот дел. Дукуре беше прецизен двапати, додека третиот погодок беше автогол на Стил.
Во вториот дел се играше мирно се до последните 15-тина минути. Најпрво МекНил зголеми на 0-4, а потоа Мекалистер постигна почесен погодок за Брајтон. Конечните 1-5 беа дело на МекНил во шесттата минута од судиското надополнување.
Со оваа победа Евертон конечно успеа да излезе од опасната зона и сега со 32 поени има два повеќе од конкурентите за опстанок Лестер, Лидс и Нотингем, кои имаат по 30 поени. Помеѓу овие четири екипи се затвора и кругот на екипите кои ќе испаднат од Премиер лигата и ќе му се придружат на Саутемптон во Чемпионшип.