Евертон има намера да го доведе Диего Коста од Атлетико Мадрид во своите редови. Сопственикот на Карамелите, Фарад Мошири, за англиските медиуми истакна дека во нивниот тим е потребен играч од светска класа, а Коста го смета за еден од најдобрите искусни напаѓачи, иако Бразилецот со шпански пасош моментално е далеку од својата посакувана форма.
Летово може да биде пресудно за Коста, бидејќи Атлетико го осигура Алваро Мората на подолго време, што значи дека поранешниот голгетер на Челзи е во втор план кај Диего Симеоне. Затоа оваа преселба не е невозможна, Евертон му гарантира место во стартните 11, како и солидни примања.
Карамелите веќе паразеа од Ла Лига, од редовите на Барселона го откупија позајмениот Андре Гомеш, а сега ќе се обидат да го купат и фудбалерот на шпанскиот вицепрвак.
Инаку, Коста во трите сезони во дресот на Челзи одигра шест меча против Евертон во кои оствари три победи, два порази и едно реми, а постигна четири гола и една асистенција.