Евертон игра по нотите на „Макарена“, Хамес од Карамелите направи опасен тим

Доаѓањето на колумбискиот фудбалер Хамес Родригес на кого перфектно му легна Премиерлигата и обновената соработка со Карло Анчелоти, од Евертон направија опасен тим кој можеби ќе се бори и за место во Лигата на шампионите.

Евертон попладнево го победи Брајтон со 4-2, и сега Карамелите имаат 12 бода од четири кола, со максимални четири победи на стартот на сезоната, со што се најпријатно изненадување. Четири победи во првите четири кола, Евертон немал уште од 1969 година. Секогаш кога имале четири победи на старт, биле или прваци или вицешампиони на Англија.

Хамес кој дојде од Реал Мадрид, даде два гола, а имаше и асистенција за голот на неговиот сонародник Јери Мина. Колумбиската врска е клуч на успесите на Евертон. Родригес во просек има гол или асистенција на секои 68 минути. Евертон во просек дава по три гола на меч, што е голем напредок во однос на минатата сезона која ја завршија со 44 погодоци на 38 средби.

Во следното коло после паузата, Евертон игра градско дерби со Ливерпул и тоа ќе биде одличен тест за можностите на синиот тим од Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести