Евертон го совлада Челзи со 2-0 во последниот меч од преполовеното 31-во коло во Премиер лигата. Избраниците на Марко Силва со два погодоци во првиот дел ги нокаутираа „сините“, и така ја остварија првата победа над една од екипите од „топ 6“ во англиската елита по две години.
Иако гостите доминираа во првите 45 минути и имаа неколку шанси да постигнат гол, сепак, Ричарлисон се разигра во продолжението и беше „виновник“ за двата погодоци. Прво во 49-тата минута Бразилецот најдобро се снајде во петерецот на Челзи и погоди за 1-0, додека во 72-та минута на него беше направен пенал од страна на Маркос Алонсо. Кепа прво го одбрани ударот на Сигурдсон, но одбиената топка Исланѓанецот ја смести во мрежата.
По овој меч, Евертон се искачи едно место на табелата и сега се 11-ти со 40 бода, додека Челзи остана на шестото место со 57 бода.