25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Евертон победи на првиот меч на новиот стадион (Фото)

Фудбалерите на Евертон забележаа победа од 2-0 над Брајтон на првиот меч на новиот стадион во Ливерпул. „Карамелите“ славеа со головите на Ндиаје и Гарнер и така дојдоа до првата премиерлигашка победа оваа сезона.

Стадионот „Хил Дикинсон“ се градеше долго и беше главната причина за финансиската криза која го зафати клубот, што се одрази и на резултатите.

Стадионот на Евертон е еден од најмодерните во светот, а неговиот капацитет е за 52.769 гледачи. Дуелот против Брајтон го проследија 51.759 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести