Евертон се крсти во Хамес за прекин на долгата низа без триумф против градскиот ривал

Хамес Родригес воскресна откако го облече дресот на Евертон. Под палката на Карло Анчелоти, најдобриот стрелец од Мундијалот во 2014 година игра фанстастично, иако оваа сезона првпат ја почувствува Премиер лигата.

Во четири меча и исто толку победи за Карамелите, Хамес придонесе со три погодоци и две асистенции. Тој е првиот играч по Алексис Санчес во 2014 година кој дебитирал во Премиер лигата со пет или повеќе креирани шанси за погодок, што го прави еден од најопасните играчи во англискиот шампионат.

Тоа им дава надеж на навивачите на Евертон дека утре ќе се прекине 10-годишниот пост без победа против градскиот ривал и моментален англиски првак Ливерпул. Во октомври 2010 година, Евертон последен пат триумфираше против Црвените со 2-0, головите ги постигнаа Артета и Кејхил.

Градското дерби на „Гудисон парк“ е закажано за сабота во 13:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести