Евертон сруши рекорд стар над 80 години, но постави и неславен рекорд во дуелите со Ливерпул

Ливерпул остана енигма за градскиот ривал Евертон, откако 23-ти меч по ред во сите натпреварувања остана непоразен во Мерсисајд дербито. Ова е најдолга серија без пораз на Ливерпул во историјата против било кој ривал. Евертон повеќе од 10 години се нема израдувано против градскиот ривал, а реално ни денеска немаше многу шанса за таквко нешто, посебно ако се знае дека Ливерпул два пати беше во водство, а во 93 минута на гостите им беше поништен погодок за победа и тоа поради минимален офсајд.

Дуелите на овие градски ривали се и рекордни по бројот на црвени картони во Премиер лигата. Денеска беше покажан вкупно 22-иот црвен картон, од кои дури 15 се за играчите на Евертон.

Освен овие неславни рекорди на Евертон, домаќините имаа и момент кој ќе го памтат по добро. Доминик Калверт-Луин, успеа да постигне барем по еден гол во првите пет меча од првенството, повторувајќи го успехот на Томи Лејтон од далечната 1938/39 сезона.

Мохамед Салах стигна до јубилејниот 100-ти погодок во дресот на Ливерпул и тоа по само 159 одиграни средби. Само двајца фудбалери во историјата на Ливерпул за помалку одиграни мечеви стигнале до 100 погодоци за гигантот од „Енфилд Роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести