Македонската фудбалска репрезентација поведе со 1:0 на гостувањето во Астана против Казахстан. Стрелец на голот беше Александар Трајковски во 33 минута. Искусниот голгетер уште еднаш блесна кога е најпотребно.
Трајковски со волеј удар погоди за радост на малкумината фанови на „Астана арена“.
Инаку, Македонија започна добро и во првите 10 минути имаше три шута од далечина преку Алиоски, Елмас и Чурлинов но голманот на домаќините беше сигурен.
Казахстан потоа ја презема иницијативата. Домаќините првата сериозна шанса ја создаде во 16 минута кога Кенжебек откосо шутираше и ја погоди стативата од надворешниот дел. Потоа следуваше добра одбрана на Столе Димитриевски по шутот на Тагиберген од далечина во 26 минута. Првата ѕвезда на домаќините, Шамородов имаше шанса во 31 минута, но Димитриевски повторно беше сигурен на нашиот гол.
Потоа се случи 33 минута и евроголот на Трајковски за водство на Македонија од 1:0.