Играч на Sport Life од Виница навистина немаше среќа и остана без добивка од 6.200 евра во 96-тата минута. Тој имаше одиграно четири натпревари на точен резултат, но на последниот, оној помеѓу Арука и Рио Аве од првенството на Португалија, потребно беше домашните да победат со 1-0. Фонтан во 71-вата минута погоди за водство од 1-0, на крајот беа покажани шест минути продолжение, а гостите преку Мораиш само на 20-тина секунди пред крајот израмнија на 1-1 и спречија фантастична добивка од 374.395 денари само со 150 денари уплата.
Голот на Тијаго Мораиш од Рио Аве беше вистински еврогол.
Сепак, играчот од Виница нема да остане со празни раце бидејќи истиот тикет го уплати и системски „три од четири“, па со три погодени точни резултати си доби утешна награда од 11.208 денари.