Евролигашка кошарка ќе се игра на 240 километри од Скопје?!

Поради исклучително неизвесната ситуација во Израел, сè уште не е познато каде Макаби и Хапоел Тел Авив ќе ги играат своите натпревари во кошаркарската Евролигата.

Базата на „Гордоста на Израел“ минатата сезона беше Белград, а веројатно Макаби и во претстојната сезона ќе игра во главниот град на Србија, иако се зборуваше за потенцијално преселување на Кипар, но таму има безбедносен ризик бидејќи северот на медитеранскиот остров е населен со претежно турско муслиманско население.

Порталот „Баскетбол сфер“ објави дека Хапоел најверојатно ќе ги игра своите домашни натпревари во Софија.

Стратешката положба на главниот град на Бугарија им одговара затоа што сакаат да играат и во АБА-лигата и ако не се случи нешто непредвидено, Хапоел во Евролигата ќе игра во софиската „Арена 8888“, позната и како „Армеец арена“.

- Оглас -

Најнови вести