Вечерва во кошаркарската Евролига се играат осум натпревари, а Sport Life подготви богата понуда за своите обложувачи.
Тука се стандардните игри кои ги има за кошаркарските мечеви, може да типувате на конечен тип, прво полувреме, вкупен број поени, да ја погодите разликата со хендикеп границата, за секој тим посебно колку поени ќе даде, за секоја четвртина како ќе заврши итн. Изборот е огромен за обложувачите.
Освен тимските, тука се и игрите за индивидуалните учиноци. Може да погодувате колку поени ќе постигнат 50 различни кошаркари од понудата. Границите се примамливи за прогнозерите кои го следат случувањата во Евролигата, а највеќе се бара од бекот на Партизан, Кевин Пантер (15.5 поени). Најголем избор има кај играчите на Милано, тука може да играте колку поени ќе постигнат шест кошаркари.
Во богатата евролигашка понуда на Sport Life може и да се обложувате и на скокови и асистенции. Кај скокачите изборот е меѓу 29 кошаркари, а кај додавачите има 20 играчи.