Евролигата продолжува без фајналфор турнир, ќе заврши најдоцна во јули

Евролигата мора да заврши најдоцна во јули и ќе го нема познатиот фајналфор формат за шампионската круна, туку би се играл турнир на најдобрите 8 екипи.

Вакво решение за излез од кризата и по завршувањето на пандемијата со корона-вирусот најави Жорди Бартомеу, првиот човек на најсилното кошаркарско натпреварување во Европа.

„Очигледно е дека нема да имаме фајналфор турнир во мај, па мојот предлог е да се игра фајналејт, наместо класичниот плејоф за титулата“, изјави Бартомеу.

За него е неприфатливо сезоната да се оддолжи до септември или октомври, па најави дека јули е краен рок за завршување на прекинатото натпреварување.

„Мора, пред сè, да обезбедиме максимални услови за играчите, тренерите, вработените во клубовите за да не дојде до заразување со вирусот. Тука нема отстапки. Ние сме против сезоната да се влече до септември или октомври, туку сметаме дека краен рок за завршување на тековното издание на Евролигата би бил крајот на јули“, додаде Бартомеу.

 

- Оглас -

Најнови вести