Зенит веднаш на стартот од новата сезона во Евролигата приреди изненадување среде Истанбул совладувајќи го европскиот вицешампион Анадолу Ефес со минимални 73:69. Тренерот Ергин Атаман го немаше Шејн Ларкин во својот состав, па без најдобриот кошаркар во лигата, Ефес претрпе пораз во премиерното коло.
Гостите се држеа во егал во текот на целото прво полувреме, а потоа Анадолу влезе во серија и поведе со највисоки +9 на средбата. Таа негатива беше анулирана од страна на Зенит до последните четири минути од мечот, по што следуваше пресврт, а Пангос реализира четири слободни фрлања во низа и го реши победникот.
Токму Пангос со 23 поени беше најефикасен на мечот и го предводеше Зенит до трумфот, додека Мициќ со 17 поени беше најрасположен играч во редовите на Анадолу.