Евролигата влегува во завршна фаза, има тимови кои мора да победат вечерва (Фото)

Битката за влез во плејофот и плејин разигрувањето во кошаркарската Евролига е тесна, речиси и да нема неважен натпревар кој не решава ништо и тоа ја прави посебно привлечна и интересна денешната понуда за обложување во Sport Life.

Веројатно најинтересно ќе биде во Белград, каде што Црвена ѕвезда го пречекува Армани Милано во дуел на два тима кои ги дели само една победа. Во моментов Србите се шести, а Италијанците десетти на табелата. Шестото место води директно во плејоф, а десеттата позиција носи во плејин.

Сериозен испит има екипата на Париз предводена од Ти Џеј Шортс, натурализираниот Македонец, и другарите гостуваат кај Жалгирис, кому му гори под нозе и се надева дека ќе го фати последниот воз за плејин. Париз е седми и победата би ги доближила до плејоф, а со пораз би паднале подолу.

„Кец како планина“ треба да биде на мечот Фенербахче – Асвел, а од гостинските екипи фаворити се Монако и Реал Мадрид. Реал е дури 12-ти на табелата и кикс против претпоследниот Виртус веројатно би бил кобен за Кралевите.

Тука е и богатата понуда на играчи, може да погодувате кој колку поени, скокови и асистенции ќе има, кој играч колку тројки ќе погоди, Sport Life нуди опција и да одиграте на број на фаули, скокови и тројки на тимовите.

- Оглас -

Најнови вести