Лига на Европа, осминафинале: Црвена ѕвезда ќе игра против тимот што ѝ донесе среќа во 1991 година, кога ја освои европската круна

Црвена ѕвезда имаше добра ждрепка за осминафиналето во Лигата на Европа и го доби за ривал најтрофејниот европски клуб Глазгов ренџерс,кој има 55 шампионски круни во Шкотска.

Дерби ќе биде и двомечот меѓу Порто и Лион, а интересна е и пресметката меѓу Барселона и Галатасарај.

Реприза ќе има од сезоната 1990/91, кога Црвена ѕвезда на патот кон европската круна го елиминира токму Глазгов ренџерс.

Црвено-белите ќе бидат гости во Глазгов на првиот меч на 10 март, а реваншот ќе се игра во Белград, 7 дена подоцна.

Двојки:

Глазгов Ренџерс – Црвена ѕвезда

Брага – Монако

Порто – Лион

Аталанта – Баер Леверкузен

Севилја – Вест хем

Барселона – Галатасарај

Лајпциг – Спартак Москва

Бетис – Ајнтрахт Франкфурт

Првите дуели ќе се играат на 10. март, а реваншите се на 17. март. Финалето е закажано за 18. мај на „Рамон Санчес Писхуан“ стадионот во Севилја.

- Оглас -

Најнови вести