Европа не памти ваква германска доминација

Германските екипи имаа речиси перфектен биланс во досега одиграните мечеви во пролетниот дел од Лигата на шампиони и Лигата на Европа. Вкупно шест бундеслигаш презимија во натпреварувањата на УЕФА и одиграа одлично.

Во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд со 2:1 го победи фаворизираниот Пари Сен Жермен и најави дека нема лесно да се предаде против Светците кои се и меѓу фаворитите за освојување на ЛШ. На победи и тоа на гостински терен во Англија се радуваа и Баерн Минхен и Лајпциг. Најтрофејниот германски клуб го растури Челзи на „Стемфорд бриџ“ со 3:0 и само формално треба да го одработи реваншот во Минхен. Лајпциг славеше на стадионот на Тотенхем со 1:0 и се стекна со добра предност пред реваншот на свој терен.

Во Лигата на Европа се одиграа 16-финалната фаза, а понатаму продолжија сите три екипи од Бундес лигата. Волфсбург со две победи против Малме од 2:1 и 3:0 немаше речиси никакви проблеми, а Баер Леверкузен го направи неинтересен двомечот против некогашниот европски првак Порто. Фармацевтите дома славеа со 2:1, а на гости беа уште поуспешни со 3:1. Последен кој обезбеди место во следната фаза беше Ајнтрахт кој во Франкфурт со 4:1 го победи Салцбург, па во реваншот можеше да си дозволи и мал кикс, кога одигра нерешено 2:2.

Вкупниот биланс на германските екипи во пролетниот дел на Европа е осум победи и едно реми без пораз, што ги прави убедливо најдобри од Топ 5 лигите.

 

- Оглас -

Најнови вести