Европска држава, а фудбалската репрезентација сака да се натпреварува во КОНКАКАФ

На повидок е формирање на нова фудбалска репрезентација.

Државата Гренланд, која е дел од данското кралство, поточно тамошната фудбалска федерација, поднесе барање до ФИФА да ѝ биде дозволено учество во квалификациите за Светско првенство 2026 година.

За изненадување, во барањето стои Гренланд да се натпреварува во квалификациите на Централна и Северна Америка, иако административно државата се води во Европа.

Гренланд е дел од Обединетото Кралство на Данска исто како Фарските Острови, но за разлика од нив немаат самостојна фудбалска репрезентација. Сето тоа наскоро може да се смени, доколку ФИФА даде зелено светло.

- Оглас -

Најнови вести