Петте натпревари кои се дел од денешните Квоти на денот во Sport Life се од Лигата на Европа и Лигата на конференции и се со коефициент 2.10 или поголеми, па ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете одличен вкупен коефициент од 52.46.
Првиот предлог е дуелот меѓу Феенорд и Рома и има квота од 2.10. Оваа квота се добива ако се одигра дека ќе има меѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.
Унион Сен Жил игра против Ајнтрахт Франкфурт и тука играта на голови е најдобра опција. Предлогот на Sport Life е да се одигра дека двата тима ќе постигнат гол, како и дека ќе има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме. Квотата за оваа игра е најголема и изнесува 2.35.
Милан, кој настапите во европските купови ги продолжува во Лигата на Европа, на „Сан Сиро“ игра против Рен и предлогот на Sport Life има квота од 2.25. Оваа квота се добива ако се одигра дека Милан ќе победи и притоа ќе бидат постигнати меѓу два и пет гола.
Бенфика пред своите гледачи игра против Тулуз и е фаворит за победа. За играта Лисабонските орли да слават и притоа да има барем по еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.10.
Последниот предлог е од дуелот меѓу Бетис и Динамо Загреб. Шпанскиот тим го носи епитетот на фаворит во овој двомеч и поради тоа предлогот на Sport Life е да се одигра на голови на Бетис. За играта Бетис да даде барем еден гол во првото полувреме и барем два на целиот натпревар, квотата изнесува 2.25.