Четири фудбалски и еден кошаркарски натпревар се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози е 41.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 1.85 и 2.45.
Понудената квота од 2.15 за мечот на Шкендија против Шелбурн во Конференциската лига ќе биде добитна само ако тетовските „црвено-црни“ постигнат најмалку еден гол во првото полувреме.
Лион е фаворит против Базел, па квотата од 2.20 ќе биде добитна само ако домашните ја оправдаат фаворитската улога и победат во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола.
Понудената квота за единствениот кошаркарски меч во Квотите на денот е 1.85, а ќе биде добитна само ако Барселона ја добие првата четвртина против литвански Жалгирис.
На мечот помеѓу Мајнс и Зрињски се очекува да има голови, а квотата од 1.95 ќе биде добитна доколку второто полувреме биде поефикасно од првото.
Ефикасно се очекува да биде и на мечот помеѓу Нотингем Форест и Порто. Квотата од 2.45 ќе биде добитна само ако се затресат двете мрежи во првото или во второто полувреме.