Европскиот крал на слободните удари игра во Горица

Фудбалерот за врска на хрватскиот клуб Горица, Кристијан Ловриќ, е вистински мајстор кога станува збор за реализацијата од слободни удари. Тој сезонава има дадено дури четири голови од слободен удар.

На пример, Лионел Меси има само еден, а Кристијано Роналдо ниту еден. Добар е Ријад Марез од Манчестер сити со два гола.

Ловриќ е познат во хрватската јавност како фудбалер кој во минатата сезона дури 13 пати ја погодуваше стативата. Но, малерот веќе е минато, сега за него се пишува како за мајстор на слободните удари.

Тајната на прецизноста не е само во талентот, туку и во напорната работа. Ловриќ некогаш и по десет часа неделно тренира изведување на слободни удари. Во неговиот поранешен клуб Локомотива, кога го избркале му порачале дека никогаш нема да даде гол на прволигашки меч. А, тој по трансферот во Горица, на Локомотива ѝ даде два гола.

- Оглас -

Најнови вести