Челзи игра одлично во последно време, ја освои титулата во Лигата на шампионите и имаше победнилки старт во новата сезона во Премиерлигата, но успесите предизвикуваат чудна реакција на навивачите.
На еден од тренинзите во текот на оваа седмица, дел од симпатизерите на клубот од Лондон го исвиркуваа Тимо Вернер и бараа тој да се замине од Челзи, а денеска отидоа уште подалеку и си закажаа тепачка.
Се работи за две различни фракции на навивачи на Челзи со колоритни имиња, Сарисексуал и Лампардстан, кои се скараа на социјалните мрежи и закажаа „фајт“ на Кингс крос во Лондон.
https://t.co/An3yPdsolZ pic.twitter.com/1bhYexFyr9
— el pedro (@ElpedroThe2nd) August 20, 2021
По повикот на Твитер веројатно ќе реагира полицијата за да се спречи инцидент и тепачка на двете групи, кои навиваат за актуелниот европски првак.