Европскиот првак не трпи условување, ги прекина преговорите со Алаба

Давид Алаба, еден од најдобрите играчи во редовите на европскиот првак Баерн Минхен, по крајот на сезоната, ќе ја напушти „Алијанц арената“ како слободен играч откако клубот ги прекина преговорите за продолжување на соработката.

Агентот на Алаба, Пини Захави, уште од претходната сезона се обидуваше да изнуди енормна плата за дефанзивецот од 25 милиони евра годишно, сума која за Баварците е апсолутно неприфатлива, особено не во ситуација кога финансиите се ограничени.

Најмногу што понуди Баерн беше 17 милиони евра на годишно ниво, меѓутоа Алаба и неговиот агент беа алчни, па наместо обновување на соработката, од почетокот на 2021 година Бразилецот со австриски пасош ќе мора да бара нова средина.

„Одлучивме да ги прекинеме преговорите со Алаба бидејќи го известивме неговиот агент дека до крајот на октомври сакаме да ја завршиме оваа работа. Тие не ги прифатија нашите услови и стоеја цврсто до ставот дека Алаба треба да има поголема плата, што за нас е неприфатливо“, истакна претседателот Херберт Хајнер.

- Оглас -

Најнови вести