Европскиот првак се посрамоти со пораз без шут на гол – Халанд блескаше во Дортмунд

Актуелниот европски првак Ливерпул претрпе незгоден пораз од 1:0 против Атлетико Мадрид во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, а особено лошо за прваците е што не упатија ниту еден директен удар кон голот на Јан Облак.

Саул Нигез во четвртата минута го одлучи првиот меч, а реваншот ќе се игра на 11 март на „Енфилд роуд“, па и двете екипи сè уште имаат шанси за пласман понатаму.

Во Дортмунд блескаше Ерлинг Бро Халанд со два гола за Борусија во победата против ПСЖ. Домаќините славеа со 2:1, а сите голови паднаа во период од осум минути во второто полувреме.

Халанд стана единствениот фудбалер во историјата на ЛШ што погодил во иста сезона за два различни тима. Беше стрелец за Салцбург во фазата по групи, а и вечерва даде голови во 69-тата и во 77-мата минута за Борусија. Стрелец на единствениот гол за гостите од Париз беше Нејмар во 75-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести