Европскиот првак, сепак, не дозволи изненадување против Албанија (Видео+Фото)

Европскиот првак Италија со победа ја почна одбраната на титулата во Дортмунд. Иако доживеа шок по само 23 секунди игра, кога Недим Бајрами го совлада Донарума, сепак, со двата гола на фудбалерите на Интер, Алесандро Бастони и Николо Барела, „аѕурите“ стигнаа до триумф од 2-1.

Првпат двајца играчи на Интер даваат два гола за Италија на ист меч на ЕП.

Бајрами ја искористи грешката на Димарко и го шокираше европскиот шампион на стартот од мечот. На семафорот остана забележана 23. секунда, а албанскиот репрезентативец го постигна најбрзиот гол во историјата на европските првенства.

Но, Италија брзо се врати во мечот со израмнување.

Бастони во 11.минута погоди за да ја смири албанската еуфорија, а само пет минути подоцна Николо Барела со одличен удар се погрижи за комплетен пресврт.

- Оглас -

Најнови вести