Европскиот првак тргна по две засилувања во Шпанија, се задоволи со едно

Саул Нигез ќе биде нов играч на Челзи откако европскиот шампион се договори со Атлетико Мадрид на едногодишна позајмица вредна пет милиони евра, а следното лето Сините да го откупат неговиот договор за сума од 35 милиони евра.

Производот од школата на Јорганџиите го напушта Мадрид по повеќе од 300 настапи во дресот на актуелниот шпански првак, за кого пак постоеше интерес и од останати англиски гиганти како Манчестер јунајтед и Ливерпул.

Челзи сепак е половично задоволен со шопингот во последниот ден од преодниот рок, бидејќи притискаше да го ангажира Жулс Кунде од Севилја, но Андалузијците не попуштија во намерата да инкасираат 80 милиони евра, сума која Сините не сакаа да ја исплатат.

- Оглас -

Најнови вести