Европскиот шампион реди порази и си го искомплицира пласманот во плејофот

Актуелниот европски шампион Анадолу Ефес загуби на гостувањето кај Алба Берлин со 95:93 во рамките на 30-тото коло во Евролигата и си го искомплицира настапот во плејофот.

Турскиот тим по 30 кола е 11-ти на табелата со учинок од 14 победи и 16 порази и во пресрет на последните четири кола од регуларниот дел од сезоната игра сè полошо. Анадолу Ефес вечерва го доживеа четвртиот пораз во последните пет кола.

Натурализираниот хрватски репрезентативец, Џајлен Смит, беше најдобар кај Алба со 25 поени, а на другата страна, Василије Мициќ постигна 30.

Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја победија Басконија во Белград со 74:63, а одлучувачки момент беше серијата од 13:0, со која ја анулираа предноста на Басконија од 11 поени (24:35) и предноста не ја успуштија до крајот на натпреварот.

Со триумфот над Басконија, Црвено-белите му направија голема услуга на вечниот ривал, Партизан, кој е седми со скор 16-13, додека шпанскиот тим сега има 15-15.
Во победата на Ѕвезда, која беше заверена со тројката на Сефан Марковиќ на 1,51 минута до крајот, најефикасен беше Немања Недовиќ со 20 поени, Бентил постигна 12, а Добриќ даде 10 поени.

Барселона славеше на гостувањето кај Панатинаикос со 88:74, додека голем исчекор кон пласман во плејофот направи и Макаби Тел Авив со победата над Асвел од 85:67.

- Оглас -

Најнови вести