Европските купови останаа без англиски тимови, таа кобна 78-ма минута

Со елиминацијата на двата тима од Манчестер синоќа и вечерва, англискиот фудбал остана без свои клубови во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. За Јунајтед се веруваше дека ќе стигне барем до финалето на ЛЕ, но вечерва во Келн налетаа на Севилја, која по шести пат се најде во финалето во ова натпреварување, а ги доби претходните пет.

Манчестер јунајтед за првпат по периодот 1987-1989 година врза три сезони по ред без освоен никаков трофеј. Имаа шанса во ЛЕ, но проблем им беше нападот. Да не беа ударите од белата точка кои ги реализираше Бруно Фернандеш, не знаеја како на друг начин да погодат во четвртфиналето со Копенхаген и полуфиналето со Севилја.

Не е дека Црвените ѓаволи не беа опасни. На овие два меча имаа вкупно 21 шут во рамките на противничките голови, но изостанува реализацијата. За разлика од нив, Севилја си ги користеше шансите и стана прв клуб кој го елиминирал Манчестер јунајтед во две различни натпреварувања. Интересно е што Севилја и преклани и сега го победи Манчестер со голови во 78-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести