Ф1 возачите не знаеја што ги снајде: Демонстранти седнаа и ја блокираа патеката, за среќа, беше избегната трагедија

Трката за големата награда на Велика Британија беше една од највозбудливите во последните неколку години во Ф1 шампионатот. Карлос Сајнс стигна до првата победа во кариерата, а кинескиот возач Гванжу Џоу имаше спектакуларно излетување од патеката, но, за среќа, остана неповреден.

Овие драматични моменти од трката можеа да се видат на телевизискиот пренос, но ТВ-камерите еден дел од трката не го пренесоа, а тоа беа моментите кога група демонстранти втрчаа на патеката каде што „летаат болидите“.

Неколку демонстранти седнаа на патеката, а веднаш реагираа стујардите кои им сигнализираа на возачите дека мора да ја намалат брзината и да го заобиколат тој дел од патеката.

https://twitter.com/i/status/1543602423075332096

Демонстрантите се од групата „Стоп за нафтата“, која се обидува да ги спречи климатските промени. Припадници на оваа организација и претходно имаа неколку диверзии на спортски настани, па беа прекинувани мечеви во Премиер лигата, НБА-дуелите и некои тениски средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести