Томас Тухел, менаџерот на Челзи, го очекува дополнителна казна од страна на англиската ФА поради коментарите против судијата Тејлор по контроверзното дерби против Тотенхем кое се одигра минатиот викенд.
Тухел веќе е казнет со еден меч суспензија и 35 илјади фунти поради црвениот картон заработен по завршувањето на дербито, додека Конте треба да плати само 15 илјади фунти. Бидејќи има простор за жалба, Тухел ги водеше Сините вчера во поразот од Лидс, но во следното коло против Лестер би требало да ја отслужи суспензијата.
Дополнителната казна е поради недолично однесување, односно Тухел јавно се согласи со навивачите на Челзи за Тејлор повеќе да не биде делегиран на натпревари во кои игра тимот од Западен Лондон бидејќи не носел објективни и правични одлуки.