Манчестер сити славеше со 1:0 над Евертон во саботата, со што се врати на победничките патеки во Премиер лигата.
Актуелниот првак имаше голема помош од судиската тројка на чело со главниот арбитер Пол Тирни, којшто не досуди пенал за тимот од Ливерпул во 85-тата минута.
Главниот човек на судиската организација при фудбалската асоцијација на Англија, Мајк Рајли, им се јавил на тренерот на Евертон, Френк Лампард, како и на газдата на овој клуб, Бил Кенрајт, за да им се извини и да ја признаат грешката што ја виде целиот свет освен судиите на теренот и во ВАР-собата.
Овде можете да ја погледнете ситуацијата за којашто станува збор.