Фабио Канаваро обезбеди опстанок за тимот во Серија А, но Удинезе не му го продолжи договорот

Фабио Канаваро нема да го води Удинезе следната сезона. Тренерот успеа да го задржи тимот во Серија А, но и покрај тоа не доби понуда за нов договор.

Веста ја објави самиот Канаваро на социјалните мрежи.

„Претседателот Поцо денеска ме информираше за неговата одлука да се разделиме. Му благодарам за можноста што ми ја даде. Жал ми е што не можам да го продолжам ова патување. Сакам да појаснам дека постоеше желба од моја страна за продолжување на договорот. Среќно за клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе“, објави Фабио Канаваро.

- Оглас -

Најнови вести