Сеск Фабрегас имаше одлична сезона како тренер на Комо. Шпанскиот стратег не само што успеа да го сочува Комо да остане во Серија А, тоа беше тим кој играше одлично и на крајот заврши на 10 место на табелата.
Веќе неколку дена траат шпекулациите дека токму Фабрегас треба да биде новиот тренер на Интер во следната сезона. Сепак, Шпанецот демантираше дека има какви било амбиции да застане на кормилото на Нераѕурите.
„Започнав во тој клуб затоа што верувам во долгорочен проект. Не сакам да бидам во клуб во кој има проект за само една-две години и потоа се да заврши. навистина верувам во долгорочниот проект со Комо. Тука пристигнав како играч, многу сум среќен и затоа останав да работам и како тренер. Сопствениците на клубот и јас имаме исти цели и амбиции“, рече Фабрегас.
Категоричен дека Фабрегас нема да замине во Интер, беше и претседателот на Комо, Зини Босуел.