Комо со 2-0 славеше над Јувентус, а најзаслужен за победата беше младиот Аргентинец, Нико Пас, кој асистираше за првиот гол, а потоа и самиот се запиша во листата со стрелците.
Токму 21-годишниот фудбалер беше тема и на прес-конференцијата, но Фабрегас не заборави да го спомене и искусниот Алваро Мората.
„Мората направи токму тоа што го побарав од него. Обично напаѓачите се оценуваат според головите, но јас не гледам така на работите. Тој треба да постигнува голови заради себе, не заради мене. Тој покажа зошто го доведовме во Комо. Нико е шампион. Спокоен сум за него и за неговата иднина. Може да стигне каде што ќе посака, ако го задржи оваа желба и скромност. Талент и физички квалитети има доволно.“ – рече Фабрегас по победата над Јувентус.
Победата на Комо над Јувентус е прва по повеќе од 70 години.