Цеск Фабрегас го одигра 800-тиот натпревар во професионалната кариера по денешната победа на Монако со 2-1 против Нант во третото коло од Лига 1.
Поранешниот шпански репрезентативец до јубилејот стигна во 37-от настап за Кнезовите, а во богатата кариера најмногу настапи забележа во дресот на Арсенал, дури 304 официјални натпревари. Фабрегас брои 151 настап за Барселона, 198 меча за Челзи, додека репрезентативниот дрес на Црвената фурија го носеше точно 110 пати.
Во претходните 799 оцифијални меча, Фабрегас запиша вкупен учинок од 137 погодоци и 241 асистенција за клуб и репрезентација.