Фабрегас во Комо прави тим на ветерани кои биле шампиони и знаат како се победува

Екипата на Комо направи историски успех откако за прв пат по повеќе од две децении се избори за настап во Серија А. На тренерската позиција на Комо е легендарниот Шпанец, Сеск Фабрегас кој очигледно не планира неговиот тим да игра споредна улога во првенството и сака подолго време да остане во елитното друштво.

Комо создава тим од докажани фудбалери, ветерани кои со големи успеси настапувале во претходните години. Доскорешниот италијански репрезентативец Андреа Белоти кој играше за Рома и Фиорентина во претходните две години, сега ќе биде опција во нападот на Комо.

Дефинитивно најголемото засилување ќе биде Рафаел Варан. На екс францускиот репрезентативец  му заврши договорот со Манчестер јунајтед и сега е пред потпис со Комо. Варан играше и во Реал Мадрид, клуб со кој ги освои сите навредни трофеи. Французинот има понуди и од Саудиска Арабија, но се чини дека на Варан повеќе ќе му одговара животот покрај езеро во близина на Милано.

Шпанскиот тандем Пепе Рејна и Алберто Морено треба да донесат стабилност во дефанзивниот ред. На двајцата им завршија договорите со Вилјареал и сега во пакет се очекува да се преселат во Комо како слободни играч, исто како што е и Варан. Рејна треба да брани иако има 41 година.

Јасно е дека Комо нема некој голем буџет, па затоа се фокусираше на тактиката на доведување докажани играчи кои летово останаа без клубови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести