26.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Фабрегас за можноста Меси да потпише за Комо: „Никогаш не вели никогаш“

Тренерот на Комо, Сеск Фабрегас, во големо интервју за „Газета дело спорт“ зборуваше на многу теми, останувањето во сегашниот клуб, но и за неизбежното прашање, дали Лионел Меси може да се пресели крај езерово.

Навивачите сонуваат дека Аргентинецот еден ден ќе дојде да игра за Комо бидејќи се одлични пријатели со Фабрегас и легенди на Барселона.

„Меси во Комо? Никогаш не вели никогаш. Антонела веќе беше во нашата куќа, дојде да ги посети пријателите. Но, Лео моментално е во САД“, со насмевка одговори Фабрегас.

- Оглас -

Најнови вести