21.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Фабрицио Романо: „Ова е судбината на Лионел Меси“

Договорот на Лионел Меси со Интер Мајами завршува на крајот од оваа календарска година, па фудбалскиот свет е во очекување што ќе се случи со кариерата на најдобриот фудбалер во историјата. Најавите од САД се дека Аргентинецот ќе потпише нов договор и тоа долгогодишен, а се споменува дури и 2028 година.

Во оваа дискусија се вклучи и најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, кој најавува дека Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами, но и дека работата е далеку од завршена. Иако речиси се е договорено, остануваат уште некои ситни детали, но и она најважното, одобрение од раководството на МЛС лигата.

Следните денови се клучни и наскоро се очекува и официјално да биде објавено дали Меси ќе потпише нов договор и ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами или можеби ќе се врати во Барселона или во Аргентина за да ја заврши кариерата, како што посакуваат многумина.

- Оглас -

Најнови вести