6.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Фалангата која тргна од Скопје со автобус е во Прага, со друштвени игри времето побрзо поминува

Навивачите на македонската ракометна репрезентација кои од Скопје со автобус отпатуваа за Данска синоќа спиеја во Прага и собраа сили за вечерашното патување, а утре рано наутре треба да бидат во Данска.

Атмосферата во автобусот беше позитивна, дел од фановите се забавуваа со играње друштвени игри, како популарната табла, на кое претходеа „закани“ кој од кого е подобар играч на оваа игра.

Се разбира, по пат не изостанаа и песните, шегите и позитивното расположение, иако сите одвај чекаа да стигнат во Прага каде ќе останат до попладнево.

- Оглас -

Најнови вести