Фалангата од цела Европа го „окупира“ Копенхаген, кулминацијата треба да биде на „Паркен“ (Фотогалерија)

Македонската фудбалска репрезентација никогаш не е сама без разлика каде игра. Така е и денеска во Копенхаген. Повеќе од 1.000 македонски навивачи ќе има на стадионот „Паркен“ во исчекување да ја изненадиме домашната селекција на Данска.

Уште неколку часа има до почетокот на мечот, а збирното место каде што треба да биде македонската фан-зона се полни со навивачи. Фанови од Скопје, Битола, Велес и сите останати градови од Македонија, како и од дијаспората што ја имаме во Копенхаген и сите се дојдени со една цел, а тоа е да ѝ дадат поддршка на нашата репрезентација во обид да се победи Данска.

- Оглас -

Најнови вести