Како што е веќе познато, искусниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао е нов соиграч на Столе Димитриевски во Рајо Ваљекано. Еден од најдобрите напаѓачи во последнава декада, е во залезот на кареирата, но, дефинитивно има уште што да покаже.
Тој, во новиот клуб се одлучи да го носи бројот „3“, а позади ваквата одлука, која на прв поглед се чини нелогична, има убава позадина. Неговиот татко Радамел Енрике Гарсија го носеше токму овој број, претежно настапувајќи за клубови од Колумбија и Венецуела. Таткото на Радамел почина во 2019 година, и поради тоа, напаѓачот одлучи да му оддаде чест токму со постигнување голови со овој број на дресот.