Family Aerodrom се прости од Марче (фото)

МЗТ Скопје Аеродром го игра третиот финален меч од кошаркарското првенство против Еуро Никел. Аеродромци со победа денеска ќе стигнат до осмата титула.

Во салата не е дозволено навивачи, но најверните Family Aerodrom оставија порака на трибините. “Играјте за Аеродром… играјте за Марче” е пораката во чест на трагично починтиот млад ракометар на Металург, но и голем фан на МЗТ, Марко Божиновски.

Инаку, стотина навивачи на МЗТ се пред салата “Јане Сандански” и на голем видео бим го следат мечот, очекувајќи трета победа на своите миленици, што ќе значи псма титула за аеродромци во првенството на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести