Нова трагедија го потресе мак-ракометот: Почина 20-годишен член на Бутел Скопје

Нова трагедија го потресе македонскиот ракомет само пет дена по несреќата со Никола Даниловски. Младиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски, почина само на 20-годишна возраст.

Младинскиот репрезентативец починал од срцев удар во сон според првичните информации. Божиновски беше член на скопскиот прволигаш во изминативе три години, каде што дојде од редовите на Металург. Во својата кариера бележеше настапи за кадетската и јунироската репрезенација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести