Фановите го бираа најдобриот голгетер во изминатите 20 години: Златан заостана

Дидие Дрогба е изласан за најдобар напаѓач во Лига 1 за изминатите 20 години од страна на фановите на францускиот шампионат. Преку онлајн гласање ексголгетерот на Марсеј ги освои симпатиите на мнозинството гласачи пред ѕвездата на Светците, иако Златан Ибрахимовиќ има подобра статистика.

Дрогба во трите сезони во настапуваше во француското првенство од 2001 до 2004 година реализира 39 гола на 80 средби. Во две сезони како член на Генгамп постигна 20 гола на 24 меча, додека во дебитантската сезона во Марсеј Дроба заби во 19 наврати на 36 натпревари.

Ибрахимовиќ е далеку поефикасен со 113 лигашки погодоци на 122 средби во четирите сезони како играч на ПСЖ, но сепак неговиот учинок не му помогна во овој избор.

- Оглас -

Најнови вести