Фановите го одбраа новиот шампион на Европа (фото)

Точно на пладне, во Нион, Швајцарија, ќе се одржи ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Осумте најдобри екипи во Европа се познати, бранителот на титулата Баерн Минхен, заедно со Борусија Дортмунд, Манчестер сити, Челзи, ПСЖ, Порто, Реал Мадрид и Ливерпул ги чекаат своите противници.

Во пресрет на ждрепката, УЕФА на својата официјална веб-страница овозможи гласање во кое навивачите го бираат новиот европски првак. Со 22%, од гласовите, Баерн има најмногу шанси да го одбрани тронот, додека според љубителите на европскиот фудбал Манчестер сити е втор фаворит со 18%.

Следува најтрофејниот во ова натпреварување, Реал Мадрид со 17%, па Челзи со 15% и Ливерпул со 11% од гласовите за освојување на Лигата на шампионите. ПСЖ ја елиминира Барселона, меѓутоа малкумина, односно само 8% од фановите веруваат дека Светците ќе направат исчекор по загубеното финале во ланската сезона.

Порто со 5% и Дортмунд со 4% имаат најмали шанси да бидат новите фудбалски владетели на Стариот Континент.

 

- Оглас -

Најнови вести