На пријателскиот меч кој Барселона го одигра против Гимнастик од Тарагона и славеше со 3-1, се случи нешто на што ниту еден навивач на Барса не се надеваше. Според реакциите на социјалните мрежи, Каталонците се против одлуката Нелсон Семедо да ја носи капитенската лента.
По излегувањето од игра на Лионел Меси на полувремето, тренерот Роналд Куман одлучи лентата да му ја даде на португалскиот бек Семедо, кој не е омилен во Барселона.
Семедо е еден од најомразените фудбалери меѓу навивачите на неговиот тим откако Алфонсо Дејвис го „уништи“ на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите, кога Баерн ја декласираше Барса со историски 8-2. Некои коментираат дека во оваа 2020 година веќе ништо не е чудно, а многумина се надеваат дека веќе никогаш Семедо нема да има прилика да ја носи капитенската лента.