Убав гест на Меси- Подарок како поддршка за Гризман (Видео)

Лионел Меси го игра првиот меч за Барселона по завршувањето на најинтересната фудбалска сага летово, што заврши со продолжување на неговата одисеја кај Каталонците, а веднаш покажа дека е голем ас.

Аргентинецот ги разби сите дилеми и шпекулации за некакво непријателство со Антоан Гризман и му дозволи на францускиот интернационалец да го шутира пеналот на пријателскиот меч со Химнастик, што е во тек.

Во 17. минута Меси, кој вообичаени ги изведува ударите од белата точка за Барса се откажа и му дозволи на Гризман да го шутира пеналот. Новата „седмица“ на шпанскиот вицешампион ја оправда довербата и погоди за 2:0.

Претходно и Осман Дембеле, играч што се врати на терен по долга пауза беше стрелец на водечкиот гол. Химнастик намали на 2:1 со погодокот на Бонилја во 40. минута, на мечот што се игра во Барселона.

Меси денеска повторно беше избран за капитен на Барселона, со гласање на сите играчи на клубот, кои му дадоа убедлива доверба повторно да ги предводи на терен и во следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести