Заминувањето на легендата Том Брејди од НФЛ-клубот Њу Ингланд патриотс по 20 години успешно играње за нив и неговиот трансфер во Тампа Беј бјуканирс, во следната сезона ќе го даде одговорот на прашањето дали успесите на династијата на Патриотите во изминатите две децении биле резултат на тактиката на тренерот Бил Беличик или присуството на феноменалниот квоитербек Брејди.
Навивачите и аналитичарите се поделени. Ќе биде интересно да се види како Беличик ќе се снајде без Брејди на теренот и како Брејди ќе се прилагоди на новата средина и со нов тренер.
Кога ќе почне следната сезона, Брејди ќе има 43 години, но нема да му фали мотивација, напротив. Ќе сака да докаже дека неговите додавања се бесценети за секој клуб во американскиот фудбал. Една од слабите точки на Тампа беј во минатата сезона беше квотербекот, чии додавања беа многу често пресекувани и Брејди ќе дојде кај нив во вистински момент. Ќе биде супер засилување за тимот од Флорида, но како ќе функционира во дрес кој не е на Патриотс, останува да се види.