Фановите се разочарани од изборот: Фјури ќе боксува против поранеш рагбист од Австралија!

Следната борба на Тајсон Фјури ќе биде против поранешен рагби-играч и ММА борец од Австралија, релативно малку познатиот Демси Мекин. Британецот вели дека му нема рамен во светот на боксот во тешка категорија, но изненадува со изборот на противници.

Навивачите дури започнаа да се сомневаат дека Фјури намерно избира „лесни“ противници само за да го задржи појасот. Мекин е боксер кој нема пораз во професионалната кариера, има ефект од 22-0, но нема ниту еден позначаен скалп во својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести