Фантастичен гол на Елмас, пет играчи на Парма не успеаја да го сопрат (Видео)

Елиф Елмас потврдува дека треба да добива поголема минутажа во тимот на Наполи, откако во последните четири дена постигнува втор погодок за италијанскиот тим.

Откако погоди во победата против Специја во Купот, Елмас сега стартуваше од првтаа минута на дуелот против Парма и во 32 минута донесе водство на домашниот тим на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Елмас тргна во соло продор, влезе во противничкиот шеснаесетник и успеа да го матира гостинскиот голман.

 

 

- Оглас -

Најнови вести