Македонија и Саудиска Арабија одигра 1:1 по првото полувреме на пријателскиуот фудбалски натпревар кој се игра во Прага. По првите 45 минути, Саудиска Арабија имаше поголем посед на топката и контрола на играта на теренот, но сепак немаше многу шанси да го загрози голот на голманот Димитриевски.
Македонија поведе со голот на Александар Трајковски во 40-тата минута. По центаршут на Деспотовски, искусниот Трајковски на маестрален начин со ножички успеа да постигне фантастичен гол за 1:0.
За жал, кратко траеше радоста на Македонија. Во 45-тата минута, Саудиска Арабија израмни, и тоа со погодокот на Ал Бураикан. Во првиот дел Македонија играше во комбиниран состав.